Semejno nasilstvo (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 10
ВОВЕД
Семејството во денешно време за жал се помалку
претставува “основна келија на здравственото општество”.Речиси сите земји во
светот уште се соочени со неможноста да се определи бројот на жртвите на
криминалитетот, а особено кога се тоа жени. Според анкетите на ОН жените се
најчество жртви на сексуални насилства (50%) напади на личноста (10%) и разни
напади врз имотот (10%). За насилоничкиот криминалитет во семејството во голема
мера недостигаат непристрасни сведоци на делата. Се прават усилби ваквата
состојба да се надмине со повикување на помош на најблиските роднини и
пријатели, а повикувањето на државните институции е многу поретко и во потешки
случаи. Жртви на овој вид насилство се најслабите членови во семејството. И
додека во педесттите и шесеттите години тоа биле децата во седумдесеттите
жените, а во осумдесеттите тоа беа старите луѓе. Насилничките деликти во
рамките на семејството се откриваат мошне тешко и ретко. Конфликтите многу
ретко излегуваат на виделина поради стравот на одмазда на насилникот, срамот од
околината и желбата да се задржи добрата претстава за сопствениот брак, но и
економската зависност од сопругот. Семејното насилство е едно од
преовладувачките криминални поведенија во повеќе општества и носи со себе
разорувачки последици како по однос на примарната жртва, жената, така и во
однос на секундарната жртва децата. Во повеќето земји во светот семејното
насилство зазема размери на проблем од примарено општествен карактер. Семејното
насилство како проблем се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно
општество, а е резултат на историски заснованата нееднаква положба на мажот и
жената, во која таа се наоѓа во субординирана положба во однос на мажот.
Република Македонија не е исклучок од оваа
ситуација, напротив бројот на малтретирани лица во рамките на семејството
секојдневно се зголемува, бројот на жени и деца расте, единствениот проблем во
случајот е што многу мал број од овие жртви од страв или некоја друга (
материјална или финансиска грижа) ретко се решаваат на следниот чекор –
пријавување на насилниците кои секојдневно ги принудуваат да го трпат теророт
на кој што се подложени. Голем број невладини организации започнаа со работа се
со цел да изнајдат решенија кои ќе можат барем во одредени размери да го
контролираат овој проблем. Како резултат на нивните долгогодишни истражувања и
напори да се навлезе подлабоко во суштината на овој проблем, се дојде до
одреден резултат кој претставува солидна основа за понатамошно градење на
стратегијата на голем број организации кои имаат намера да продолжат да работат
на полето на елиминирање на насилството над децата.
Карактеристики и третманот на семејното
насилство во Република Македонија
Проблемот на семејно насилство во почетокот не
привлекуваше внимание во пошироката јавност, освен во случаи кога се работеше
за брутални убиства во рамките на членовите на семејството, за кои се дознаваше
од полициски извори или од медиумите
Декларацијата на тоа што е насилство опфаќа
физичко насилство (влечење за коса, шлаканица, тепање, бокс…) Психичко
насилство врз детето опфаќа ( закани, следење, изолација, забрана за
движење…..) и третиот и воедно најлошиот сексуално насилство кое опфаќа (
присила на сексуален однос, обид за присила или друг вид на сексуална
активност). Сознанијата за криминалитетот што се темелат врз официјалната
статистика се нереални во однос на неговата квантитативна димензија. Утврдено е
дека секогаш постои дел кој останува неоткриен, попознат како темна бројка на
криминалитетот. За неговото откривање се користат најразлични средства – метод
на самопријавување, виктимолошка анкета (кога испитаниците се изјаснуваат
како жртва на одредено криминално однесување кое го пријавил кај надлежните
органи), метод на пријавување на друго лице, метод на проценка на експерти. Од
сите наведени најприфатил е методот на виктимолошка анкета бидејќи се смета
дека жртвите со внимателен пристап на стручни лица ќе бидат подготвени за
соработка, тргнувајќи од фактот дека е доволно голем чекор напред во борбата
против ова кривично дело од моментот кога лицето ќе признае дека е жртва на
семејно насилство.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!